„Е**но моќно“: Килијан Марфи ги коментираше интимните сцени со колешка во „Опенхајмер“

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот актер Килијан Марфи повторно е во центарот на вниманието по премиерата на блокбастерот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“. Во споменатата продукција тој ја игра главната улога, контроверзниот научник, креаторот на атомската бомба фрлена на Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна.

Во споменатата продукција, Марфи има интимни сцени со Флоренс Пју, која ја игра неговата љубовница во оваа продукција. По гледањето на филмот и реакциите на гледачите во Индија, новинарите го прашаа актерот како ги коментира сцените со колешката, а тој со својата изјава ги запали социјалните мрежи и медиумите.

„Тие сцени се напишани намерно. Нолан знаеше дека тие сцени ќе му ја дадат оценката на филмот која ја доби. И мислам дека тоа е – ќе видите, е**но моќно. И тие сцени не се без причина. Тие се совршени. А Флоренс е едноставно неверојатна“, изјавила Килијан Марфи (47) за соработката со 20 години помладата актерка која ја игра неговата љубовница Жан Татлок и додаде:

 

„Мислам дека е феноменална. Таа се истакнува и е неверојатна на екранот. Влијанието кое таа го има во ‘Опенхајмер’ со оглед на големината на улогата е прилично разорувачко“.

Слични содржини