Енрике Иглесијас престанува да снима музика?

од Radmila Tasevska
381 прегледи

Светската музичка ѕвезда растажи многу фанови! Популарниот пејач Енрике Иглесијас (48) планира да го исполни ветувањето дека ќе престане да снима музика по објавувањето на неговиот 11-ти албум. Моментално е фокусиран на издавањето на албумот „Final (Vol 2)“ кој треба да излезе во февруари, две години по првиот дел.

– Завршено е. Излегува во февруари. Се е готово. Она што сега сакам е да снимам едно или две видеа пред вториот дел од турнејата – призна пејачот..

– На овој албум работев долги години. И за мене секогаш беше, како што реков, последниот албум. Тоа е тоа. Нема да снимам повеќе албуми – додаде тој.

Пејачот моментно е на турнеја со Рики Мартин и Питбул, која додаде 18 нови концерти во текот на 2024 година. Претходно беше на турнеја со Питбул во 2017 година, додека со Мартин имаше неколку настапи во 2021 година.

Да потсетиме, Енрике уште во септември 2021 година изјави дека ќе сними само уште еден албум, но дека тоа не значи дека целосно ќе престане да се занимава со музика.

Инаку, пејачот деновиве е под голем притисок. На многу социјални мрежи има видеа од неговите концерти на кои тој не звучи најдобро, а многумина почнаа да се прашуваат дали воопшто знае да пее.

Слични содржини