Романија ја совлада Украина со убедливи 3-0, а пак Станчиу го постигна најубавиот гол досега на Европското првенство.
Романија направи голем чекор кон осминафинале откако попладнево со 3-0 ја совлада Украина во првиот натпревар од Групата Е.
„Сино-жолтите“ влегоа како благи фаворити, ја имаа инцијативната на отварањето од натпреварот, но по половина час игра, една грешка на Лунин создаде шанса за Романија, а Станчиу прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот, биеше неодбранливо во аголот за 1-0.
Во 53. минута Марин прецизно биеше од далечина во долниот агол, Лунин не беше на висината на задачата и дозволи топката да му помине под раце за 2-0.
Четири минути подоцна, Романија брзо изведе еден конер, Ман уфрли на пет метри каде Драгуш рутински реализираше за 3-0.