268
Апсењето на поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица има потенцијал да послужи како поттик за прекин на долгиот и цврст синџир на корупција и организиран криминал во Црна Гора, изјави известувачот на Европскиот парламент, Тонино Пицула.
Пицула за „Нова М“ во Подгорица изјави дека европските институции веќе подолго време предупредуваат за постапките на Меденица, поради што, како што наведе, не зачудува острата реакција на јавноста.
„Во секој случај, ова апсење има потенцијал да послужи како поттик за прекин на долгиот и цврст синџир на корупција и организиран криминал. Пристаништето во Бар, за луѓето кои се занимаваат со организиран криминал, долго време беше област без царина, област на немоќ“, рече Пицула.