Европскиот парламент денеска ги одобри плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ, со цел да се пополнат празнините во постоечките капацитети, соопштија денеска од институцијата.
Според текстот, кој беше договорен со Советот на ЕУ минатата недела, целта на Законот за промоција на производството на муниција (ASAP) е да се забрза испораката на муниција и проектили во Украина и да им се помогне на земјите-членки да ги обноват своите резерви.
Како што се наведува во соопштението, со таргетирани акции, кои вклучуваат финансирање од 500 милиони евра, побрзо ќе се овозможи зголемување на производствениот капацитет на ЕУ, за да се реши моменталниот недостиг од одбранбени производи, особено артилериска муниција, ракети и нивни компоненти.