ЕП го поддржа влезот на Хрватска во Шенген

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Европскиот парламент денеска го одобри патот на Хрватска да влезе во Шенген зоната без пасош, а конечната одлука им ја препушти на лидерите на владите на Европската унија (ЕУ).

Со мнозинство од 534 против 53, парламентот гласаше за укинување на преостанатите гранични контроли меѓу Шенген зоната и Хрватска.

Конечната одлука сега е на Советот на ЕУ, кој го сочинуваат шефовите на владите на 27-те земји од ЕУ, кои веќе потврдија во декември минатата година дека Хрватска ги исполнила сите критериуми за поднесување барање за пристап до Шенген зоната.

„Местото на Хрватска е во Шенген. Критериумите се исполнети. Европскиот парламент даде зелено светло“, објави претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на Твитер по гласањето.

„Местото на Хрватска е во Шенген. Критериумите се исполнети. Европскиот парламент даде зелено светло“, објави претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на Твитер по гласањето.

Шенген е најголемата зона без граници во светот.

Има 26 земји-членки, од кои четири не се полноправни членки на ЕУ, но се сметаат за придружни земји.

Земја која сака да биде дел од Шенген зоната мора да може целосно да го имплементира Шенгенскиот кодекс и целосно да ги контролира копнените, поморските и воздушните граници на ЕУ.

Хрватска е најмладата членка на ЕУ, која се приклучи во јули 2013 година. Романија и Бугарија, кои се приклучија на европскиот блок во 2007 година, се уште чекаат бидејќи не ги исполнија сите потребни услови за да станат дел од зоната без граници во ЕУ.

Слични содржини