Европскиот парламент нема да им „попушти“ на Унгарија и на Полска, кои ставија вето на предлогот на долгорочниот буџет на ЕУ, рече претседателот на ЕП, Давид Сасоли.
„Нема да се направат отстапки од наша страна“, рече Сасоли.
„Претставниците на Европскиот парламент длабоко жалат за блокадата и потврдуваат дека постигнатите договори (за повеќегодишниот буџет и владеењето на правото) не можат да бидат преговарани под никакви околности“, се вели во соопштението на телото.
Унгарија и Полска бараат напуштање на новиот механизам за помош на ЕУ, кој поврзува обезбедување средства со почитување на човековите права и владеењето на правото. Двете земји ставија вето на долгогодишниот предлог-буџет на Унијата и планот за реконструкција, што мора да бидат усвоени едногласно од сите земји-членки.