ЕП презентира нацрт-закон: Колку ќе биде минималната возраст за пристап до социјалните мрежи?

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се повикува на воведување на минимална возраст од 16 години за користење на социјалните мрежи, со цел да се обезбеди „онлајн средина соодветна на возраста“

од Vladimir Zorba
0 прегледи Фото: Си-Ен-Ен

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се повикува на воведување на минимална возраст од 16 години за користење на социјалните мрежи, со цел да се обезбеди „онлајн средина соодветна на возраста“.

Според нацрт-документот објавен во октомври, резолуцијата повикува на „воспоставување хармонизирана европска дигитална возрасна граница од 16 години, како стандардна возраст под која пристапот до социјалните мрежи не треба да биде дозволен, освен ако родителите или старателите експлицитно не го овластат пристапот на детето“.

Документот, исто така, предвидува хармонизирана дигитална возрасна граница од 13 години – под која на малолетниците воопшто не треба да им биде дозволено пристап до социјалните мрежи – и возрасна граница од 13 години за видео платформи и „придружници на вештачка интелигенција“.

Резолуцијата на Европскиот парламент не е правно обврзувачка и не поставува конкретни политики, туку сигнализира јасна политичка волја на европратениците пред идните законски предлози од Европската комисија.