Во изминатите 24 часа во Индија се потврдени 368.147 нови случаи на инфекција со коронавирус, што го зголеми бројот на заразени на 19.925.604 од почетокот на пандемијата во таа земја.
Министерството за здравство на Индија објави дека нови 3.417 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус изминатиот ден, со што билансот на смртни случаи во таа земја се зголеми на 218.959.
Индија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата со КОВИД-19 и во моментот има активно заразени 3.413.642 лица.
На крајот на минатата година и почетокот на оваа година, Индија забележа значително подобрување на епидемиолошката слика, така што на 1 февруари беа потврдени нешто повеќе од 8.500 случаи на инфекција во таа земја.
Сепак, со ударот на новиот бран во Индија, бројот на новоинфицирани за еден ден достигнал рекордни бројки од над 400.000. Причината за забрзаното ширење на вирусот во Индија е појавата на мутирана верзија на коронавирусот, поради што многу земји ги прекинаа летовите кон Индија.
Како дел од имунизацијата на населението во Индија, 157.198.207 лица ги добиле првите дози на вакцината. Само во САД и Кина вакцинирани се повеќе луѓе.