230
Според патентот откриен од AppleInsider, се чини дека „Епл“ игра со идејата за тастатура направена од стакло. Идејата е дека со употреба на стакло, компанијата смета дека не само што ќе создадат потрајни тастатури од кои нема да се отстранат ознаките, туку би можела да се користат и во помали уреди како што се таблети или лаптопи.
„Епл“ исто така верува дека со користењето на стакло ќе обезбеди подобро позадинско осветлување каде целото копче може да се осветли, а не само ознаката на копчето.
Засега само патент
Имајќи предвид дека ова е патент, не постои начин да се знае дали „Епл“ планира навистина да го оствари тоа.