Како резултат на берзанските турбуленции во последните неколку дена во САД корпорацијата Епл (Apple) загуби 158 милијарди долари, пишува “УСА Тудеј”.
Само на 21 август акциите на Епл поевтинија за 6%. Пред затворањето на берзата синоќа нивната цена беше 106,02 долари за акција. До не толку одамна акциите на корпорацијата се продаваа за 134,5 долари за акција. Така вкупниот пад надмина 20%.
Капитализацијата на Епл сега се проценува на 618 милијарди долари. Претходните прогнози, според кои корпорацијата би можела да надмине 1 трилион долари, веќе не се реални, забележува “УСА Тудеј”, додавајќи дека постои загриженост за понатамошен пад.