126
Судот во американската сојузна држава Тексас излезе со одлука Епл да плати сума од 532.9 милиони долари поради кршење на патенти поврзани со мобилни апликации и игри.
Станува збор за патенти, кои се во сопственост на компанијата Смартфлеш ЛЛЦ и се користат во мобилниот софтвер понуден во ајТјунс.
Компанијата-тужител тврди дека Епл прекршила три патенти поврзани со „складирање на податоци и управување на пристапот низ системот за плаќања“. Како пример таа ги дава апликациите КоинДозер и 4 Пикс 1 Муви на Гејм Циркус.
За возврат, Епл тврди дека нема причина да плаќа провизија на продажба на еден смартфон под услов дека спорот бил само за една карактеристика.
Првично побарувањето на Смартфлеш беше во вредност од 852 милиони долари, тврдејќи дека компанијата мора да добие процент од продажбата на производи на Епл во ајТјунс. Самата компанија не продава ништо и заработува пари само од продажба на седум патенти.