Се очекува вечерва Apple да го претстави новиот смартфон iPhone, како и нов телевизиска систем, со и напредно присуство на дигиталниот, на гласовниот асистент Siri на посебно организиран настан, пишува Асошиејтед прес.
Настанот во Сан Франциско може да открие повеќе за стратегијата на компанијата и стремежот да стане задолжителен дел од нашиот секојдневен живот.
Епл продаде 183 милиони паметни телефони за деветте месеци по лансирањето на iPhone 6 и iPhone 6 Plus, кои се со поголеми екрани од претходните модели. Ова ѝ овозможи на компанијата да ги задржи високите профити, додека конкуренцијата доживува тешкотии.
Според набљудувачите на секторот моделите оваа година ќе бидат со исти димензии со мали подобрувања, како побрз процесор, повисока резолуција на камерите и нови бои.