Оваа година Apple може да претстави вкупно три нови модели на iPhone. Еден од нив може да користи 4-инчен дисплеј, соопштува интернет изданието Apple Insider. Информацијата е на тајванското издание DigiTimes, кое се повикува на свои извори во дистрибутивното коло. Според нив два модели на iPhone ќе се обновени модели со нов процесор и подобрени спецификации, па ќе се викаат соодветно iPhone 6S и iPhone 6S Plus. Тие ќе ги користат истите димензии на дисплеите како сегашните модели, односно 4.7-инчен и 5.5 -инчен екран.
Ќе се потпираат и на процесорот A9, кој ќе биде претставен заедно со нив. Третиот модел ќе се вика iPhone 6C. Тоа е своевидно враќање на палетата “c”, која опстои за кратко со iPhone 5c. Овој iPhone ќе ја користи сегашната генерација процесор A8 наместо новата.
Останува нејасно дали корпусот на смартфонот ќе е метален или пластичен. Изворите на весникот тврдат дека и трите нови ајфони ќе имаат NFC, сензор за отпечатоци Touch ID и најновата генерација на платформата iOS.
Очекувањата се дека iPhone 6C ќе биде претставен како “буџетски” модел. Редно е да се напомене дека Apple често порачува делови за прототипи од своите дистрибутери, но тоа не значи дека задолжително планира да лансира сличен паметен телефон во продажба. Се разбира, компанијата одбива коментар на оваа тема.