Епл негодува на одлуката сите мобилни телефони во ЕУ да имаат универзален полнач

од Nikola Popovski
353 прегледи

Европската унија објави дека ќе нареди воведување универзални полначи за мобилни телефони. Иако најавените промени се уште не се случија, Епл веќе може да биде принуден да направи некои промени со оваа најава.

-Европските потрошувачи веќе долго време се фрустрирани што имаат некомпатибилни полначи во нивните фиоки. Ние ѝ дадовме на индустријата повеќе од доволно време да излезе со сопствени решенија, но сега е време да воведеме законски мерки за заеднички полначи, рече Маргарете Вестангер, шеф за технологија при ЕУ. Таа додаде дека ова е важна победа за корисниците и околината, и во согласност со зелените и дигиталните аспирации.

Нова одлука по претходни дејствија на Комисијата

Според Европската комисија, граѓаните на ЕУ имаат просечно три полначи. Меѓутоа, дури 38% од потрошувачите изјавуваат дека не можеле да го полнат телефонот барем еднаш, бидејќи соодветниот полнач не бил при рака. Според Европската комисија, годишно се трошат околу 2,8 милијарди евра за набавка на дополнителни полначи, кои не се испорачуваат заедно со уредот. Европските службеници направија напори во минатото да ја принудат индустријата да ги стандардизира полначите.

Епл не е задоволен од идејата за уникатни полначи

Епл веќе реагираше на новите промени, велејќи дека е загрижен што строгите регулативи кои бараат само еден тип полначи ќе ги обесхрабрат иновациите, што на крајот ќе им наштети на потрошувачите. Сепак, на крајот, тие дипломатски додадоа дека „ќе се ангажираат со засегнатите страни, за да им помогнат да најдат решение што ќе ги заштити интересите на потрошувачите“.

Слични содржини