Епл претстави нов ајПад со поддршка за „Пенсил“

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Епл денеска го претстави новиот ајПад модел кој има 9.7-инчен екран и подобрени параметри заедно со поддршка на „Епл Пенсил“ за скици и пишување.

И покрај додатоците, цените на новиот модел остануваат споредливи со оние на неговиот претходник: 32ГБ ви-фи верзијата е 329 долари, а оваа со ви-фи + мобилен интернет ќе чини 459 долари.

Специјално за ученици, поевтиниот модел всушност ќе биде уште подостапен и само за 299 долари ќе го добијат не само уредот, но и 200ГБ бесплатен простор за складирање во ајКлауд, додека на обичните корисници се даваат 5ГБ.

Во прилог, електронската игла „Логитек Крајон“ ќе се продава за 49 долари, а самиот „Епл Пенсил“ е поскапата алтернатива за 89 долари.

Новиот ајПад е побрз благодарение на процесорот „A10 Фјужн“, па таблетот може да се споредува со ајФон 7 и Плус верзијата по перформанси. Епл ветува 40 проценти побрз процесор и 50 проценти подобри графички способности во позадина на поиздржлива батерија (до десет часа).

Меѓу другите карактеристики се „ФејсТајм ХД“ камера за разговор, 8МП задна камера, „Тач АјДи“, жироскоп, ГПС, компас и поддршка на платформата „АРКит“ за проширена реалност.

Компанијата објави уште дека ќе предложи нови верзии на својот пакет ајВорк – „Пејџес“, „Намберс“ и „Киноут“ – веќе со поддршка на „Епл Пенсил“

Слични содржини