Добивката на технолошкиот гигант “Apple” повторно се најде највисоко ниво во историјата на компанијата.
Од друга страна растот на продажбата на паметни телефони “iPhone” е на најниска вредност од претставувањето на производот во 2007 година.
Предвидувањата за пад на приходите во првите 3 месеци од 2016 година се дополнуваат од помалата популарност на други основни производи како таблетите “iPad” и лаптопите “Macbook”.
Ова го покажуваат податоците за последниот квартал, објавени од страна на компанијата и цитирани од технолошките рубрики на западните медиуми. Во последната четвртина на 2015 година, во светот се продадени 74,8 милиони “iPhone” -a, само со 1% повеќе од истиот период во 2014 година, кога беа продадени 74,5 милиони. И покрај падот, тоа повторно е најголемиот број продажби на производот до моментов.
Смартфоните продолжуваат да му даваат 60% од профитот на “Apple”, кои се на рекордното ниво од 18,4 милијарди долари на 75 милијарди приходи. Тоа е најголемата добивка за квартал на јавна компанија. Заедно со неа “Apple” објави дека 1 милијарда уреди вкупно ги уживаат софтверските платформи на компанијата.
Според некои експерти, кои цитираат т.н. “Закон на големите броеви”, за “Apple” ќе станува сè потешко да задржува големи продажби и профити. Во следниот квартал американската компанија очекува приходите да паднат до 50-53 милијарди долари, што е првата прогноза за пад од 2008 година.
Сериозен пораст се забележува и кај нови производи на компанијата како часовниците “Apple Watch” и “Apple TV”, но не и кај базните уреди како лаптопи “Mac” и таблетите “iPad”. Падот на продажбата на компјутерските уреди е соодветно 25 и 4% во однос на истиот период во 2014 година.