204
Владата на денешната седница даде согласност Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) да ангажира двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори, соопшти Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, утре рано претпладне, пилотите ќе потпишат договор за дело.
– Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење, наведува ЦУК.
Се уште е активен пожарот на Серта во Неготинско, кој избувна вчера околу 10.30 часот. За вечерва во 22 часот е закажан нов состанок на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, формиран синоќа на вонредна седница на Советот на општината.