Европскиот конзорциум „Ербас“ ќе го изгради најголемиот систем од сателити во светот, пишува ВВС. Гигантот ќе произведе 900 вештачки сателити за компанијата One Web, чија цел е да интернетот да го направи достапен и во региони, каде што нивната услуга недостасува. Најпрвин ќе бидат истрелани 600 сателити, а останатите ќе служат како резерва. Договорот беше објавен за време на Париската авио изложба.

Соѕвездието од сателити на One Web, чија вреност се мери во милијарди долари, ќе биде дест пати поголемо од која и да е друга комерцијална мрежа.
Изградбата ќе биде сериозен предизвик за Ербас, која ги произведува некои од најголемите високотехнолошки, но и најскапи телекомуникациска платформи. Барањата на One Web се системот да располага со максимална моќ за ниска цена. Се предвидува секој сателит да тежи околу 150 килограми, а за One Web е прифатлива цената под половина милиони долари за еден апарат. Ербас посочува дека првите десетина апарати ќе ги гради во францускиот град Тулуз, пред да го премести производството во САД.
За истрелувањето на сателитите во орбитата ќе бидат неопходни многу ракети. За тој дел од проектот се уште не е избрана компанија, и покрај тоа што основачот на Virgin Group Ричард Брансон учествува во проектот на One Web. Virgin изработува системи за истрелување на сателити, базирани на нивниот туристички вселенски лет.