Ербас заработил 58,8 милијарди евра

од Vladimir Zorba
196 прегледи

По веста дека Ер Индија, управувана од групацијата Тата, има рекордна нарачка од 250 патнички авиони, најголемиот европски производител на авиони Ербас денеска ги објави финансиските резултати за претходната година. Ербас објави дека во 2022 година остварил приход од 58,8 милијарди евра.

Компанијата минатата година испорача 661 патнички авион. Организациската единица на компанијата, која се занимава со производство на патнички авиони, лани остварила приход од 41,4 милијарди евра, што претставува зголемување на приходите во однос на 2021 година во износ од 15 отсто.

Во оваа прилика директорот на компанијата Ербас, Жилијем Фури изјави дека индустријата продолжила да закрепнува во текот на 2022 година. Воздушниот сообраќај забележа раст и авиокомпаниите се вратија на долгорочното планирање на флотата.

– Постигнавме солидни финансиски резултати и покрај предизвикувачкото деловно опкружување што го спречи синџирот на снабдување на кој се потпираме да закрепне со темпото што го очекувавме. Затоа, компанијата мораше да ги прилагоди своите активности, што доведе до помалку испораки на патнички авиони од првично планираните. Сега го прилагодуваме нашето производство за да одговара на понудата – изјави директорот на Ербас.

Слични содржини