30
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска ги коментираше одмаздничките напади на Израел врз Иран. Ова е израелска одмазда за иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на почетокот на месецот.
„Испраќам пораки на солидарност до нашиот сосед Иран, кој синоќа беше цел на израелска агресија“, рече Ердоган.
Турскиот лидер рече дека „Ционистичката израелска влада, целосно разгалена од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт“.
„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и оние кои го поддржуваат. Пристапот на Израел на крајот ќе пропадне. Со овој начин на размислување Израел нема да постигне ништо“, рече Ердоган.