Ердоган: Израел не смее веќе да го прекршува примирјето во Газа

од Milan1
13 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го критикуваше Израел за неговата „историја на прекршување на примирјето“, повикувајќи ја меѓународната заедница да спречи можни прекршувања на договорот за прекин на огнот со Хамас.

-Израел, особено премиерот Бенјамин Нетанјаху, има значајно досие за прекршување на примирјето, ова не смее да се дозволи овој пат во Газа. И покрај 467 дена геноцид и масакр, Израел не успеа да ја скрши волјата на отпорот на нашите браќа и сестри во Газа, рече тој на конгресот на неговата партија во Адана, југоисточна Турција, пренесува Анадолија.

Турскиот претседател ја повтори посветеноста на Турција да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за воените злосторства во Палестина.

Според Ердоган, Турција ќе ги мобилизира сите ресурси за да ги „залечи раните“ на Газа за време на периодот на прекин на огнот, рече Ердоган.

Говорејќи за Сирија, Ердоган рече дека израелскиот проект да ја подели Сирија на три дела, претворајќи ја во „лесни за голтање залаци“ – пропадна.

Слични содржини