Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во средата дека Турција „ќе продолжи да го помага Хамас кој како што рече дека се бори за независност на сопствената земја но и ја брани Анадолија.
Говорејќи на состанокот на парламентарната група во Анкара, Ердоган рече: „Израел нема да застане во Газа и ако не запре, оваа непријателска држава на крајот ќе ја таргетира и Анадолија во своите заблуди за ветената земја“.
Тој нагласи дека израелскиот премиер Бенјамин „Нетанјаху и соучесниците во геноцидот ќе одговараат за секоја капка крв што ја пролеале“.
„На Накба, Денот на катастрофата, уште еднаш со сето наше битие и ресурси изјавуваме дека стоиме покрај Палестина и палестинската кауза“. Ние (Турција) исто така ќе се погрижиме сторителите на геноцидот да се соочат со правдата“, изјави Ердоган.