Ердоган-Мишел: Турција ќе продолжи со напорите за постигнување мир

од Берта Китинска
187 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му рекол на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите свои напори за постигнување мир меѓу Украина и Русија, се вели во соопштението на турското претседателство.

Турција, која е членка на НАТО, дели поморска граница со Украина и Русија во Црното Море и има добри врски со двете земји, објави Ројтерс.

Анкара го оцени рускиот напад врз Украина како неприфатлив и понуди да биде домаќин на мировните преговори, но се противи на санкциите против Москва.

Разговори Ердоган-Путин: Турција нуди помош за решавање на кризата

Портпаролот на турскиот претседател претходно денеска изјави дека Ердоган утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој нагласи дека Турција е подготвена да помогне во решавањето на кризата.

За време на денешниот брифинг со новинарите во Истанбул, Калин ја повтори понудата на Турција да биде домаќин на преговорите меѓу Украина и Русија и повика на итен прекин на конфликтот, пренесува Ројтерс.

Калин истакна дека Турција не може да ги прекине врските ниту со Москва, ниту со Киев.

Слични содржини