Ердоган: Нема да има проблеми поради договорот меѓу Курдите и Дамаск

од desk2
172 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не смета дека ќе има какви било проблеми во сирискиот град Кобане поради разместувањето на сириските војници долж границата.

Сириските сили претходно денеска влегоа во гратчето Тел Тамер, на североистокот од Сирија, пренесоа западните агенции, повикувајќи се на сириските државни медиуми.

Разместувањето на силите следеше откако Дамаск постигна дооговор со курдските сили од регионот, заеднички да ги спречат нападот на Турција.

Во обраќањето до јавноста пред заминување за Азербејџан, Ердоган кажа дека Турција ќе продолжи со примена на своите планови за населување на арапското население во градовите на северот од Сирија.

Повлекувањето на американските војници од северот на Сирија турскиот претседател го оцени како „позитивен чекор“.