Ердоган: Ништо не може да се постигне со поттикнување ксенофобија и омраза кон бегалците

од Milan1
22 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини опозициските партии за поттикнување ксенофобија и расизам, еден ден откако жителите на населба во централна Турција запалија продавници во сопственост на Сиријци.

Во телевизиско обраќање, Ердоган ги обвини опозициските партии, кои се залагаа за репатријација на бегалците, дека поттикнуваат насилство.

„Ништо не може да се постигне со поттикнување ксенофобија и омраза кон бегалците“, рече Ердоган, пренесе АП.

Слични содржини