Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, нарекувајќи ја таквата постапка неприфатлива.
„Одлуката на Русија да ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск е спротивна на договорите од Минск“, рече Ердоган.