Ердоган предупредува: Постои опасност од државен удар во Албанија

од Milan1

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, ден пред неговата посета на Албанија изрази сомнеж за можност од државен удар од страна на организацијата на Фетула Ѓулен, која „ сè уште е активна во Тирана”, пренесува Ора њуз.

Преку долга порака објавена на официјалната веб-страница на турското претседателство, на кое се повикува албанската телевизија, Ердоган со загриженост зборува за активноста на т.н.ФЕТО во Албанија, организација која е прогласена за терористичка организација во Турција.

-Терористичката организација на Фетула Ѓулен сè уште постои во Албанија. Преговараме со Албанија да ја намалат активноста на ФЕТО и да ги предадат нејзините членови на Турција. Таа е предавничка организација која се обиде да изврши државен удар во турската држава, има интеракција во Албанија, слична ситуација може да се случи и во Албанија, предупредува Ердоган.

Тој потсетува на средбата со Еди Рама во Анкара на 6 јануари минатата година, која, како што вели, отворила ново поглавје во односите меѓу двете земји.

Тогаш се согласиле дека „терористичката организација Фето претставува закана за двете земји” и се заложиле дека нема да „ дозволат ФЕТО да ги труе односите меѓу Турција и Албанија”.

 

Слични содржини