Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини курдските групи дека сакаат да ја преземат северна Сирија и посочи дека Анкара нема да дозволи тоа да се случи, пренесоа британските медиуми.
Во говор во југоисточна Турција Ердоган го критикуваше минатонеделното вклучување на сирискиот град Тел Абијад во новоформираната автономна курдска политичка структура.
– Се што сакаат е целосно да ја преземат северна Сирија, рече Ердоган. „Под никакви околности нема да дозволиме северна Сирија да стане жртва на нивната замисла. Затоа што тоа претставува закана за нас и за нас не е можно Турција да каже ’да’ на оваа закана“.
Турција е растревожена од територијалните придобивки на Курдите во сириската граѓанска војна, бидејќи стравува дека тоа може да го разбуди сепаратизмот меѓу курдското малцинство во Турција, посочуваат британските медиуми/MIA