Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес објави дека Турција планира да лансира ракета на Месечината до 2023 година.
Ердоган денес ја претстави националната вселенска програма.
Слетувањето на Месечината, објасни тој, треба да заврши до крајот на 2023 година, кога земјата ќе ја прослави 100-годишнината од основањето на Републиката, објави агенцијата Тасс.
„Верувам дека турските инженери ќе ја завршат таа мисија“, рече Ердоган.
Тој исто така изјави дека Турција сака да изгради космодром со меѓународна соработка, со цел да добие „пристап до вселената“.