Ердоган: Турција нема да се откаже ниту од Русија, ниту од Украина

од Milan1
240 прегледи

„Не е можно Турција да се откаже од односите што ги одржува и со Русија и со Украина.

Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на турските новинари при враќањето од посетата на Сенегал и Конго. Ердоган ја откажа посетата на Гвинеја-Бисао, која требаше да биде трета станица на африканската турнеја, и се врати во Турција за да присуствува на видео-конференцијата на лидерите на НАТО за конфликтот Русија-Украина.

„Не е можно да се откажеме ниту од Русија, ниту од Украина. Ние имаме политички, воени и економски односи со Русија. Во исто време, имаме политички, воени и економски односи со Украина. Ако кажете „Откажете се од Украина“, не можеме да го направиме тоа, бидејќи развојот на нашите билатерални интереси е на многу позитивно ниво. Ако кажете „откажи се од Русија“, тоа исто така не е можно, бидејќи нашите билатерални односи имаат мултилатерални димензии и се во многу напредна фаза и ги задоволуваат интересите на нашата земја“, рече Ердоган.

Шефот на турската држава рече дека „пријателите во моментов воспоставуваат контакти за средба со г-дин Путин. Во меѓувреме, ќе ја продолжиме телефонската дипломатија со него. Се надевам дека ќе постигнеме добри резултати“.

Во изјава за турската телевизија вчера, Ердоган рече дека Турција неможе да даде поддршка на признавањето на Доњецк и Луганск од страна на Русија и дека Турција го почитува територијалниот интегритет на Украина и ги повика сите земји да го почитуваат меѓународното право.

Слични содржини