188
Ерменија и Азербејџан се согласија за прекин на огнот кој ќе стапи на сила од среда во 20 часот по локално време, благодарение на меѓународните напори, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан.
„Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20:00 часот на 14 септември“, рече тој во интервју за ерменската телевизија, пренесува ТАСС.
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.