Ерик Дејн, актерот кој публиката најмногу го памети по улогите во сериите „Вовед во анатомија“ и „Еуфорија“, неодамна објави дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС), невролошка болест позната и како болеста на Лу Гериг. Станува збор за прогресивна болест при која доаѓа до дегенерација на нервните клетки, што предизвикува мускулна слабост, инвалидитет, а на крајот и смрт. Еден од најпознатите луѓе кои се бореа со оваа болест беше физичарот Стивен Хокинг.
Болеста брзо напредува кај сега 52-годишниот Дејн, а тоа се гледа и на најновите фотографии, на кои тој изгледа значително ослабено и исцрпено, само сенка од некогашниот доктор МекСтими. Како што се забележува на фотографиите, Дејн изгубил многу килограми, му била потребна помош да излезе од автомобилот, а изгледал и малку дезориентирано. И покрај сериозното влошување на здравствената состојба, актерот не планира да се повлече од снимањето на третата сезона на „Еуфорија“, која е во полн ек и се очекува да биде објавена во 2026 година. Инаку, пред седум години, Дејн и неговата долгогодишна сопруга Ребека Гејхарт поднесоа барање за развод, но непосредно пред тој да објави дека е болен од АЛС, актерката го повлече барањето за развод.