Ерменија денеска објави дека одбила да биде домаќин на воена вежба на Алијансата предводена од Русија во 2023 година, поради незадоволството од Москва поради затворањето на важна рута за снабдување на енклавата Нагорно-Карабах.
Информациите доаѓаат во време кога Ерменија покажува зголемени знаци на нетрпеливост кон својот руски сојузник, кој го обвинува дека не одговара на „провокациите“ на Азербејџан во однос на Карабах, каде Москва, која моментално е позицинонирана во офанзивата во Украина, ги распореди своите мировни сили.
Ерменците ѝ замеруваат на Русија што не ги осудува постапките на Азербејџан
„Ерменија смета дека е несоодветно да се одржи вежба на Здружениот договор за безбедност оваа година. Таа вежба нема да се одржи“, рече премиерот Никол Пашинјан на прес-конференција. Како што рече Пашинјан, Ереван веќе ја известил воената алијанса предводена од Москва, која собира неколку поранешни советски републики.