Ерменија ќе го бојкотира состанокот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Русија

од Radmila Tasevska
272 прегледи

Ерменија соопшти дека нема да присуствува на состанокот на воената алијанса предводена од Русија и дека нема постојано претставништво во блокот под „де факто замрзнато“ членство, пренесоа светските агенции.

„Замрзнувањето на односите со Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) значи дека Ерменија нема постојан претставник во неа и не учествува во настани на високо и врховно ниво“, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан за време на собраниска седница.

Ерменија е членка на ОДКБ, во која се вклучени и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Белорусија.

Но, Пашинјан пропушти неколку неодамнешни состаноци на блокот поради нагло влошување на односите со водечката членка на алијансата, Русија. Ерменскиот премиер минатата недела изјави дека членството на неговата земја во ОДКБ е „замрзнато“, без да прецизира што значи тоа.

Слични содржини