Ерменија се приклучи на Меѓународниот кривичен суд, за Русија тоа е непријателска одлука

од Radmila Tasevska
194 прегледи

Ерменија се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објавија службени извори, што е одлука која Русија ја смета за непријателска.

„Римскиот статут (со кој беше основан МКС) официјално стапува на сила за Ерменија на 1 февруари“, изјави ерменскиот претставник за правни прашања Јегише Киракосјан, што Русија веќе го опиша како „непријателска одлука“.

Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради организирање или одобрување на нелегална депортација на украински деца во Русија.

Ереван сега е должен да го уапси рускиот претседател доколку стапне на нејзина територија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во октомври изјави дека Ерменија донела „лоша одлука“ со ратификувањето на Римскиот статут.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан се обиде да ги смири стравувањата на Кремљ уверувајќи дека одлуката не е насочена против Русија.

Слични содржини