477
Осум лица се уапсени во Ерменија под сомнение дека планирале вооружено преземање на власта, соопшти денеска ерменската служба за национална безбедност.
Во соопштението се наведува дека членовите на воено-патриотската јавна организација Крсташи имале намера со насилни средства со употреба на оружје да ја преземат власта.
Имињата на уапсените не се соопштени, пренесе ТАСС.