Ерменскиот премиер го нуди синот за размена на затвореници

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Премиерот на Ерменија, Никол Пашијан, пред своите приврзаници во градот Апаран изјави дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските затвореници што ги држи Азербејџан.

„Официјално му реков на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев дека предлагам да го предадам мојот син во замена за сите ерменски затвореници“, рече Пашинјан, повикувајќи ги неговите политички ривали да го сторат истото на претстојните избори.

Изјавата на Пашијан е одговор на политичкиот ривал, поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, кој ја критикуваше изјавата на премиерот, велејќи дека „размената на затвореници може да почека еден месец или два“.

Синот на премиерот Пашанијан, Ашот на својот Фејсбук профил објави дека е „подготвен да биде дел од размената на затвореници“.

Слични содржини