Ерменскиот премиер најави оставка во април

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан најави дека ќе поднесе оставка во април, но ќе остане на функцијата до предвремените избори во јуни, што е нов обид за надминување на политичката криза што ја тресе таа кавкаска земја.

„Ќе поднесам оставка во април. Не поради оставка, туку поради распишување предвремени избори. Но, јас ќе продолжам да ја извршувам функцијата на привремен премиер“, рече тој на состанокот со Ерменците, според видеото објавено на неговиот Фејсбук профил, објави Хина.

„Ако го потврдите [нашиот мандат], ние ќе продолжиме да ви служиме подобро од порано, во спротивно ќе му ја предадеме власта на оној кого ќе го изберете“, рече Пашинјан.

Слични содржини