Доста жени прават грешка за време на секс – се фокусираат во допирот на пенисот на партнерот, наместо да се насочат кон други ерогени зони. Машкото тело е начичкано со чувствителни места, кои можете да ги искористите за да му овозможите одлично задоволство! Сигурно и тој ќе ви се исплати потоа, и тоа соодветно! 
Каде да не заборавате да допрете следниот пат кога имате секс ?
Главата
Главата е покриена со бројни нервни завршетоци. Затоа милувањето на вратот, тилот, челото и воопшто целата негова глава е добар потег како за почеток и за зголемување на степени во кревет.
Т.н. “трето око”
Не, тоа нема никаква врска со разни јасновидски теории или пак некои источни учења и филозофии. Условно кажано, “третото око” се наоѓа во централниот дел на челото, токму меѓу двете очи. Оваа зона при притисок има иритација чие провоцирање секретира на ендорфини во мозокот. Обидете се – милувајте го и бакнувајте го токму таму.
Основата на пенисот
Не само главата на пенисот е чувствителна. Неговата основа исто. Обрнете ѝ посебно внимание, дури можете да си дозволите да притиснете малку додека го стимулирате. Ќе го полудите.
Простатата
Не сите мажи ќе се израдуваат на овој потег, бидејќи за некои е вознемирувачки. Простатата се достигнува преку пикање на прст во ректумот. Таа претставува мала грутка во предниот внатрешен дел на анусот. Ако партнерот нема ништо против, пробајте го овој потег. Ќе добие врвно задоволство.
Слепоочниците
Неслучајно масирањето на слепоочниците делува релаксирачки, кога не боли глава. Можете да ги вклучите и во љубовната игра.
Лицето
На лицето и машките јаболчниците исто така има бројни нервни завршетоци кои при стимулација, благите или нежни бакнежи ги возбудуваат мажите.
Усните
Можете да си играте со неговите усни, како сакате. Можете да ги милувате со своите усни, да ги милувате со врвот на прстите, со врвот на косата, па дури и со гради, ако тоа ви се допаѓа. Ќе го полуди!
Вратот
Допирот и нежните бакнежи по вратот ги тераат мажите да се возбудат до крајни граници. Благото, а и не толку благото грицкање исто е секси потег.
Под градите
Може и да се зачудите, но зоната под градите исто така е многу богато инервирана. Допирањето, како кај мажите така и кај жените, е крајно возбудливо.