Еруптира вулканот Етна, аеродромот е затворен

од Milan1
24 прегледи

Вулканот Етна еруптира во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија, соопшти италијанскиот институт за геофизика и вулканологија. Вулканот испуштил големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри.

Аеродромската управа во Катанија објави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Извести дека пепелта ги покрила авионите и пистите и дека работата ќе продолжи кога инфраструктурата повторно ќе профункционира.

„Ги замолуваме патниците да не доаѓаат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромот и предупредија на значителни доцнења.

Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија. Етна, висок 3350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.

Слични содржини