Еруптираше вулкан во Јапонија (ВИДЕО)

од Milan1

Во 11.43 часот, по локално време, почна да излегува час од врвот на Планината Асо, во префектурата Кумамото во Јапонија. Метеоролошката агенција издаде предупредување за луѓето кои се во планинското подрачје.

Агенцијата потврди дека пирокластичните текови достигнале повеќе од еден километар од кратерот. Таа издаде предупредување и го зголеми нивото на вулканска тревога на 3 на скалата од 5 степени. Агенцијата ги повикува луѓето во близина на кратерот да бидат подготвени за големи протоци на гасови. Пирокластични текови може да се појават во радиус од околу два километри. Луѓето во близина треба да сторат сѐ што можат за да ја осигураат нивната безбедност.

Слични содржини