Во сезоната на тиква, ви предлагаме да ја искористите и за подготовка на одлични десерти.
Состојки:
130 гр бисквити (или друг благ кекс по желба)
2 лажици какао
60 гр путер
1 чаша печена, па пасирана тиква
300 гр крем сирење
2/3 чаша шеќер
2 јајца
2 лажици брашно
1/2 лажичка цимет
1/2 лажица морско оревче
100 грама чоколадо
Начин на подготовка:
Пред подготовката, сите продукти треба да бидат на собна температура.
Измелете ги бисквитите, а потоа додадете го какаото и промешајте за да се изедначат. По потреба, додадете малку масло, за да добиете компактна смеса. Истурете ја смесата во калап за печење и притиснете со рацете за да се распредели рамномерно. Потоа потпечете во загреана рерна од 180 степени 10 минути, а потоа оставете да се излади.
Пирето од тиква измешајте го со крем сирењето, матете со маталка и додавајте ги јајцата, а на крај брашното, па потоа и зачините. Мешајте додека да се изедначи смесата. Нанесете врз потпечениот слој од крекери.
Во меѓувреме, растопете го чоколадото, па ставете го врз слојот од тиква. Со кујнско дрвено стапче размешајте на површината, за да се добие шарен изглед.
Печете го чизкејкот во загреана рерна на 160 степени околу 75 минути, а потоа оставете да се лади со отворена рерна. Послужете кога е целосно изладено. Неизедените парчиња може да се чуваат во фрижидер.