Раскошниот модел Ешли Греам изјави како заобленоста ѝ се испречила во приватноста.
Јас, како и многу полни девојки, минав низ болка и понижување. Се среќавав со љубовници кои ме откачуваа, бидејќи се плашеа дека ќе станам уште подебела во иднина, признава 29-годишниот модел.
Понекогаш се будам со помислата дека сум најдебелата жена во светот. Тогаш се погледнувам во огледалото и си повторувам свои аргументи: Ти си храбра, прекрасна и убава, си велам. Гледајќи ги колковите, додавам: Ве сакам. Греам е убедена дека општеството треба да им помогне на девојките да се чувствуваат добро.
Имаме потреба од повеќе примери кои можат да ја кажат вистината за телото: Да, имам целулит. Кариерата ми е светла потврда на тоа дека модната индустрија се менува пред нашите очи. Претходно човек не можеше да замисли дека девојка со моја големина да се појави на насловната на Vogue, додаде таа.