Ескалираат протестите против новата цена на струјата во Ереван

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Бунтот против новите цени на струјата продолжува да есклира во главниот град на Ерменија Ереван. Иако денеска полицијата ослободи 237 приведени лица на демонстрациите, демонстранти и вечерва се собираат на Плоштадот на слободата, соопшти Интерфакс.
И покрај апсењата и водените топови луѓе продолжуваат да протестираат за да не се зголеми цената на електричната енергија, пренесува НТВ.

Учесниците во акцијата во моментов се собираат на плоштадот на Слободата во Ереван, кој се наоѓа во непосредна близина на претседателската администрација. Бројот на демонстрантите е неколку илјади. Полицијата предупреди дека на секое прекршување на јавниот ред ќе биде одговорени адекватно, во рамките на законот, соопшти РИА Новости.

Митинзите во главниот град на Ерменија започнаа во петокот. Во нив учествуваат илјадници луѓе кои ја заземаа резиденцијата на претседателот Серж Саргсјан.

Тогаш полицијата упадна кај демонстрантите и избувнаа судири, во кои настрадаа 8 демонстранти и 14 полицајци.

Предвидено е елетроенергијата да поскапе до 48,78 драма за киловат на час дневната, а ноќната до 38,78 драма.