Ескобар: Формирањето на ЗСО е законска обврска на Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
117 прегледи

Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар денеска изјави дека Заедницата на српските општини е законска обврска на Приштина и дека таа не може да ја избегне оваа одговорност.

„ЗСО е меѓународно-правна обврска на Косово, Србија и ЕУ кои го водеа процесот и решивме да го поддржиме. Затоа, партија или поединец не може да бега од таа одговорност“, рече Ескобар, пренесе „Коха“.

Тој додаде дека слушнал многу конструктивни предлози од граѓанското општество, мултиетничка група која сака да се формира ЗСО, како и истражувачки организации кои предложиле како ЗСО може да функционира без да се загрози функционалноста на Косово или Уставот и законите.

Слични содржини