142
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека прифаќањето на европскиот план ќе биде важен чекор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и уште еднаш повтори дека спроведувањето на Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српските општини (ССО) е законска обврска на Приштина која мора да се исполни.
Тој во интервју за порталот The Pavlovic Today навел дека САД целосно го поддржуваат дијалогот што го води ЕУ за да се постигне нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
„Прво, мислиме дека дијалогот има добар план. Сега мислиме дека француско-германскиот предлог, кој го поддржуваме, а јас бев присутен кога беше презентиран (во Белград), е важен чекор кон нормализација“, изјави Ескобар.