Ескобар: Решението за излез од кризата е Белград и Приштина да го прифатат планот на ЕУ од три точки

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека најдобро решение за излез од кризата во Косово е Белград и Приштина да го прифатат планот од три точки што го претстави Европската унија, пренесe „Јутарњи лист“.

„Имаме позитивни индикации дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е подготвен да го прифати, но премиерот на Косово, Албин Курти треба уште малку да се убеди“, изјави Ескобар за новинарите во Загреб, пред да пристигне на денешниот Форум во Дубровник.

На прашањето какви ќе бидат последиците доколку Белград и Приштина не ги исполнат барањата на меѓународната заедница за деескалација на ситуацијата на северот на покраината, Ескобар одговори дека двете страни ќе изгубат бројни можности.

Слични содржини