Од АД ЕСМ велат дека ги осудуваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ „да го прозива било кој граѓанин или државен службеник за дополнителните работни активности со кои се занимавал за дополнување на личната егзистенција“, откако беше објавено дека има кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј.

-Ги осудуваме и обидите на дел од порталите за правење сензационализам за приватниот живот на било кој граѓанин, кога истото не е во корелација со неговите стручни квалитети и подготовка за обавување на назначената позиција, стои во соопштението на АД ЕСМ.

Ова следува откако дел од медиумите објавија дека новиот директор на РЕК Битола, бил познат во јавноста како поранешен хармоникаш во музичка група.

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ, разрешен беше директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Слични содржини