Најпопуларниот утрински ритуал ширум светот е пиење кафе. Овој пијалок ни помага полесно да „впловиме“ во новиот ден, ја подобрува концентрацијата, но исто така дава причина да се сретнеме со драги луѓе.
Првото утринско кафе, кафе со колегите на работа, кафе со пријателите, кафе после ручек или релаксирање со кафе и добра книга… Многумина не можат да замислат ден без овие ритуали.
Забавувајте се и проверете што најчесто открива за вас изборот на кафе кој го пиете.
Еспресо
Вие сте роден лидер. Многу сте вреден и амбициозен работник. Вашата природна трудољубивост е инспиративна за другите и луѓето честопати ви се восхитуваат.
Очигледно, како личност која пие еспресо, уживате во вкусот на кафе и сакате јасни и директни работи. Првото утринско еспресо ве придвижува и ви дава енергија за нови предизвици.
Двојно еспресо
Вие сте исклучително практични, ви се допаѓа логиката и секогаш одржувате ред околу вас. Слично на оние кои пијат обично еспресо, вие сте доста вредни и работите многу подобро и поорганизирано од другите. Давате се од себе на работа кога шефот ќе ви каже што точно сака.
Овој утрински пијалок ви помага да се фокусирате и да го работите денот во совршено логичен редослед.
Кафе со млеко
По природа сте опуштени и се обидувате да останете смирени во секоја ситуација. Сепак, секогаш размислувате долго време пред да донесете одлука. Не сакате спонтани ситуации.
Вашето утринско кафе со млеко е само една од оние мали удобности со кои сакате да го засладувате животот.
Капучино
Имате префинет стил, цените елегантни и софистицирани работи. Не трпите груби шеги. Исто така, имате многу креативен ум, дружеубиви сте и имате многу пријатели.
Кога ќе го започнете денот со шолја капучино, подготвени сте за креативна работа и нови инспиративни идеи.
Обично црно кафе
Водите минималистички животен стил. Скапа и импресивна гардероба не е ваш приоритет. Претпочитате директен пристап во модата и во животот. Повремено сте склони на промени во расположението. Вие сте многу комуникативни и лесно остварувате нови познанства.
Со црно кафе во рака, подготвени сте да го започнете денот без хаос и компликации.
Кафе со шлаг
Од една страна сте организирани и систематски, а од друга сте опуштени и понекогаш неуредени. Секој ден се обидувате да постигнете совршена рамнотежа помеѓу логичките и креативните страни на мозокот.
Вашата минималистичка страна ужива во вкусот на кафе, додека на вашата спонтана страна ѝ се допаѓа вкусот на шлагот.